Skip to main content

Најбрзиот човек на светот не е Болт

Јапонскиот атлетичар Јошиде Кирју (17 години) на неодамнешниот митинг во Хирошима во трката на 100 метри истрча со време од 10,01 секунди.

 |  Голабовски Крсте  | 
Joside Kirju
Јошиде Кирју

Јапонскиот атлетичар Јошиде Кирју (17 години) на неодамнешниот митинг во Хирошима во трката на 100 метри истрча со време од 10,01 секунди.

Joside KirjuЈапонскиот атлетичар Јошиде Кирју (17 години) на неодамнешниот митинг во Хирошима во трката на 100 метри истрча со време од 10,01 секунди, со што го изедначи светскиот јуниорски рекорд, но и го постави најдоброто време во 2013 година, со оглед на тоа што годинава никој, па дури ни најдобриот спринтер Усеин Болт не ја истрчал оваа делница побрзо од десет секунди.

Факт е дека апсолутниот светски рекордер од Јамајка годинава се уште нема учествувано на официјална трка на 100 метри, но, според стручњаците, тој треба загрижено да ги следи напредокот на Кирју, кој стана најмлад спринтер што истрчал 10,01 во досегашната историја. Станува збор за резултат што е само за две стотинки побавен од актуелниот сениорски рекорд на Азија и една стотинка од рекордот на Јапонија.

{loadposition content9}