Македонија на 120-то место според слободата на медиумите
Во светот во текот на минатата година е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на популацијата која живее во земјите со целосно слободни медиуми падна на најниско ново во изминативe 16 години.
Во светот во текот на минатата година е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на популацијата која живее во земјите со целосно слободни медиуми падна на најниско ново во изминативe 16 години.
Ова се наведува во извештајот на организацијата Фридом хаус во кој се додава дека ситуацијата со слободата на медиумите во Македонија е една од најлошите земји на Балканот.Македонија е најниско рангирана земја во регионот на 120 место кое го дели со Турција, Конго, Фиџи, Либерија и Сејшели. Во ланскиот извештај на Фридом хаус Македонија беше на 115 место кога имаше 54 поени на скалата од нула до 100. Во најновиот извештај Македонија има два поена повеќе и е една од најлошите земји на Балканот.
Србија се најде на 74 место, заедно со Унгарија и Црна Гора, Бугарија на 77, Хрватска на 81, Грција на 83, Романија на 86, а Албанија, Босна и Херцеговина и Косово на 90 место.
Најдобро пласирани се Норвешка и Шведска кои го делат првото место со по 10 поени, по што следуваат Белгија, Финска и Холандија.
Фридом хаус е невладина организација основана во 1941 година која ги истражува и промовира демократијата, политичките слободи и човековите права во светот.
{loadposition content9}