Skip to main content

Трајков најавува поуспешна туристичка сезона од минатогодишната

Првиот човек на агенцијата за промоција и подршка на туризмот очекува зголемување на бројот на туристи.

 |  Маленкова Татјана  | 
turisti
Туристи

Првомајските и велигденските празници добар показател за тоа каква туристичка сезона не очекува. Првиот човек на агенцијата за промоција и подршка на туризмот Јордан Трајков вели дека очекува зголемување на вкупниот број туристи од Холандија, но и зголемување воопшто на бројот на странски туристи. „Во Македонија мислам дека ќе имаме рекордна сезона и очекувам двоцифрен раст оваа година“, вели Трајков.  Овие негови очекувања и тврдења ги поткрепува со како што вели извонредните 12 кампањи кои ги организирала агенцијата во различни земји. Тој проговори и за иновативните Брошури изработени од агенцијата.

„Брошурите се направени на 13 јазици. Секаде ислеговме со јазикот на дадената земја што беше позитивно turistiдочекано таму со добри штандови и добар дизајн на штандот, добро организирано така да од тие земји каде што бевме очекуваме зголемен број на туристи. Од друга страна она што агенцијата го работи веќе цел месец а и ќе продолжи до крај на јуни е една интензивна кампања преку google, електронска промоција, во соработка со генералниот секретаријат на владата, а сега почнуваме и промотивна кампања во 15 земји на принтани медиуми, билборди и уште на неколку web сајтови“, вели директорот на агенција за промоција на туризмот, Јордан Трајков.

Трајков е категоричен дека сите активности кои подолг период ги спроведува владата треба да вродат со плод.  Според него годинава треба да ја надминеме границата од 400 000 туристи, што би било голем напредок споредено со  минатогодишните 367 000.
Дирекцијата на агенцијата за промоција и подршка на туризмот најпрво беше во Струга, а  од минатата година  со промена на законот е преселена во Скопје. Трајков кажа дека ова е најдоброто решение, а што се однесува до Струга тој потенцираше дека неодамна било потпишано барањето за пререгистрирање во Струга, со што е формирана подружница.  Оваа подружница со шест вработени  останува во Струга, додава Трајков.

„Тие шест луѓе се всушност комисијата за субвенционирање и тие ќе работат дел во подршката на туризмот, а еден од нив работи на промоцијата и организирање на саеми. Овде ќе се работи и новиот проект за промоција и подршка на кампови. Сето тоа останува во Струга. Другите функции се организираат во Скопје. Затоа што други функции немаше, па сега ги оргзнизираме“, вели директорот Трајков.

Првиот човек на агенцијата за промоција на туризмот, Трајков вели дека се надева дека агенцијата ќе порасне по што ќе се создадат услови за отворање и други подружници низ земјава.  За подршка на туризмот е потребно да имаме подружници и низ други градови на Македонија,вели Трајков но додава дека тоа не е прашање на желба туку на буџет.

 {loadposition content9}