Skip to main content

Каде се чува македонскиото злато?

Неизвесноста во евро-зоната, зголемените ризици, а намалените очекувања за економско закрепнување условија внимателно менаџирање со девизните резерви.

zlato
злато

Неизвесноста во евро-зоната, зголемените ризици, а намалените очекувања за економско закрепнување условија внимателно менаџирање со девизните резерви.

Според НБРМ, парите се чуваат во земји со највисоки кредитни оценки од страна на меѓународните агенции што мерат рејтинг. На прво место се намоќните европски економии. Еве колку проценти од девизните резерви и каде се чуваат :

Германија, Франција и Холандија   58%
Велика Британија и САД     13%

zlatoКризата во Европа ги промени и плановите за чување на златото. Од почетокот на 2012 та година најголем дел од монетарното злато било депонирано во Банката на Англија.

Но, во вториот квартал од лани паѓа нова одлука – за да се зголеми ефикасноста со управување на златните резерви и за да се остварат поголеми приходи, поради тогашниот раст на цената на златот, НБРМ одлучува дел од златото да инвестира како краткорочни депозити кај странски комерцијални банки.Рокот на чување, односно пласман изнесувал најмногу една година.
Златото во девизните резерви беше на непроменето ниво, но сепак неговото релативно учество се менуаше токму поради промената на цената на меѓународните пазари.

Според најновите податоци, вкупната вредност на  девизните резерви заклучно со првиот квартал од годинава изнесуваат 2 милијарди и 230 милиони евра. Од ова салдо, скоро 273 милиони евра е вредноста на монетарното злато.

{loadposition content9}