Десет годишен кошмар
Три жени кои биле киднапирани пред десетина години и од тогаш им се губи секоја трага, се пронајдени живи во куќа во градот Кливленд во американската сојузна држава Охајо.
Три жени кои биле киднапирани пред десетина години и од тогаш им се губи секоја трага, се пронајдени живи во куќа во градот Кливленд во американската сојузна држава Охајо.
Во врска со киднапирањето на трите жени полицијата уапсила тројца браќа од латиноамериканско потекло. Станува збор за браќата Кастро, кои се на возраст од 50, 52 и 54 години. Тие се товарат за киднапирање и за силување на жените.
Жените беа пронајдени во куќа, чиј сопстевник е 52-годишниот Ариел Кастро, кој работел како возач на училишен автобус.
Една од киданапираните жени забременила при силувањата и родила дете.
Жените биле пронајдени кога еден човек, кој живеел во соседството, слушнал врисоци и упаднал во куќата каде ја пронашол Аманда Бери, кој исчеснала во времето кога била тинјеџерка. Тој и го дал неговиот мобилен телефон и таа се јавила во полицијата.
– Помогнете ми. Јас сум Аманда Бери. Бев киднапирана пред 10 години и сега сум тука. Слободна сум, им објаснила возбудената жена на операторити на службата за итни повици 911.
Таа рекла дека нејзиниот киднапер илзегол од куќата и ја молела полицијата да дојде што побрзо, пред тој да се врати.
Аманада Бери исчезнала на 21 април 2003 година. Втората жена, Џина ДеЏизис била киднапирана една година подоцна, а третата, Мишел Најт уште во 2000 година. Во времето на киднапирањето Бери имала 17 години, ДеЏизис 14, а Најт 20. Трите жени веднаш се пренесени во болница, каде лакарите констатирале дека се во добра здравствена состојба.
{loadposition content9}