Кој сака на пракса во ЦЕРН?
Како ви изгледа пракса и учество во најголемите експерименти во светот? Еве шанса за приклучување на тимот во ЦЕРН во Женева.
Како ви изгледа пракса и учество во најголемите експерименти во светот? Еве шанса за приклучување на тимот во ЦЕРН во Женева.
Одење на предавања, посета на лаборатории, учество во дискусии и работилници со луѓе кои се лидери во нивните полиња. Накратко, ова е можност за лето како никаде на Земјата. За да се пријавите, треба да бидете државјанин од земја која не е член на ЦЕРН (меѓукои и Македонија), студент сте на додипломски студии (најмалку трета година) или сте на почеток на постдипломски студии и ќе останете регистрирани како студент за време на вашиот престој во ЦЕРН. Доколку планирате да дипломирате летото кога ќе учествувате во праксата, може да се пријавите. Не треба да сте работеле во ЦЕРН порано и треба да знаете англиски јазик, а познавањето на францускиот ќе биде земено предвид.
Патот ќе биде покриен, ќе се добива дневница а праксата ќе трае 8 седмици. Од Вас ќе се очекува да работите 40 часа неделно. Во јули и август ќе имате можност да присуствувате на предавања од 09:00 до 12:30 секој ден. На крајот на престојот треба да напишете извештај. Ќе имате помош за да пронајдете сместување во близината на лабораторијата.
Сè што треба да направите е да се пријавите до 31 јануари 2014, кога е последниот ден од рокот. Сите студенти ќе добијат позитивен или негативен одговор до крајот на април 2014.
{loadposition content9}