Терористички напади во Мумбаи, над 100 загинати
Најмалку 101 лице е убиено, а 287 се ранети во координирани напади што се случија синоќа во повеќе делови на индискиот град Мумбаи, а утрово терористите држат уште десетина заложници, јавуваат медиумите.
| | Свет
Мумбаи

Според истите извори, нападнати се најмалку 10 локации, вклучувајќи и два луксузни хотели „Таџ Махал“ и „Оберои Тридент“, каде што напаѓачите барале американски и британски туристи.
Милитантите држат десетина заложници во хотелот „Таџ Махал“, кој се наоѓа во срцето на туристичкиот кварт Колаба.
Одговорноста за нападот ја презеде непознатата исламистичка група „Декански муџахедини“, барајќи ослободување на муџахедините од индиските затвори, а експертите за борба против тероризмот оценија дека нападот ги има сите карактеристики на Ал Каеда.
Зградата на хотелот каде што милитантите ги држат заложниците е опколена од војска. Медиумите известуваат дека во хотелите во тек е акција на командосите за ослободување на заложниците.
Пожарот што ноќеска гореше во хотелот „Таџ Махал“ е локализиран, а пожарникарите и натаму се пред хотелот.
Утрово состојбата во Мумбаи и натаму е конфузна, со информации за пукотници и експлозии од десетина други локации. Главната железничка станица, болницата, ресторани и два хотели, се дел од нападнатите локации.
„Мумбаи е Њујорк на Индија и ова е јасен напад на западњаците“, изјави Клив Вилијамс, експерт за тероризам од Австралискиот национален универзитет.
Меѓународната заедница ги осуди нападите и побара итно неутрализирање на терористите.

{loadposition content9}