Ревија на руски филмови во Охрид
Започнува ревијата на руски филмови. За љубителите на седмата уметност и бесмртните руски класици Центарот за култура Григор Прличев приредува вистинско уживање. Тематиката на филмовите е војна и мир а влезот е слободен.
Центарот за култура со низа активности се вклучува во одбележувањето на денот на Европа и денот на победата над фашизмот. Во таа насока директорката на Центарот, Драгана Боцеска ја најави ревијата на руските филмови која започнува вечерва. Тематиката на филмовите е војна и мир. Боцеска нагласи дека станува збор за филмска ревија која се одвива речиси во целата земја, во организација на филмскиот фонд, руската амбасада Министерството за култура, кинотека на Македонија.
„Како препорака филмот „Ослободување“, кој ќе се прикажува на 16 ти мај во четврток. Иако филмот е од 1971 година тука се обработени сите делови од почетокот до крајот на Втората светска војна“.
Ревијата на руски филмови започнува денска а ќе трае до 17 мај. Влезот е слободен, а охриѓани ќе имаат можност да погледнат 6 филмови со историска тематика. Воглавно проекциите се во 20 часот со исклучок на денешната која е во 18 часот. По повод денот на Европа и денот на победата над фашизмот, Центарот за култура организира и концерт на дуото кларинетисти, Ристо Ѓорески и Игор Бакрески. Станува збор за музичко уживање во денс и џез дуети и извадоци од Севилскиот бербер, како и изведби на охридскиот хор под диригентска палка на Александар Димоски.
{loadposition content9}