Преставници од МПЦ се сретнаа со градоначалникот Села
Преставници од МПЦ се сретнаа со градоначалникот Села.
Струшкиот градоначалник д-р Зијадин Села прими делегација од Македонската православна црква. Тројца свештеници од струшката епархија при посетата му ја честитаа градоначалничката функција на д-р Села. Градоначалникот Села кусо изјави дека со преставниците од МПЦ разговарале за проблемите кои постојат во општина Струга.
Градоначалникот при тоа не прецизираше некој конкретен проблем.
„ Разговаравме за тоа да се има соживот во Струга од етнички aспект. Станa збор и за добриот придонес што може да го дадат и верските службеници за да се постигне целта да имаме мирен и развиен град со перспектива“, соопшти Села.
Свештениците на МПЦ не сакаа да ја коментираат целта на посетата.
{loadposition content9}