Skip to main content

Ќе се рушат дивоградбите на кејовите на Дрим-Села

Рушење на нелегалните објекти покрај двата кеја на реката Црн Дрим, најави градоначалникот на Струга Зијадин Села. На ревизија е ставена и состојбата со плажите кои се под концесија.

 |  Николоска Биљана  | 
urbanastruga
урбанаструга

Градоначалникот Зијадин Села решен е да стави крај на дивоизгрдените објекти на јавни површини во Струга. Ќе започне од двата кеја на реката Црн Дрим.sela Новиот струшки градоначалник открива дека веќе е објавен тендер за фирма која ќе ги урива дивоградбите.  Села вели дека доколку не успее во неговата намера, тогаш без исклучок на сите граѓани ќе им дозволи да градат, тезги, кафулиња и други објекти, кој каде сака.

„ Ќе биде расчистен дримот од двете страни значи сите тие објекти ќе бидат информирани сопствениците кои изградиле да ги тргнат. Засега сопствениците не се информирани. Информациите кои кружат дека јас наводно сум рекол дека за една недела ќе биде расчистен дримот итн, јас верувам дека се работи за организирана урбана мафија, која има за цел во јавноста да пласираат вакви информации, за да видат граѓаните дека не е извршено, јас рокови уште немам дадено“.

Села изјави дека сопствениците ќе бидат информирани откако ќе се избере фирма за рушење. Ако сопствениците не ги отстранат објектите во рок од седум дена, тогаш ќе ја информира полицијата, која пак ќе ги предупреди во рок од пет дена тоа да го направат. urbanastrugaАко и тогаш тоа не го направат на терен ќе делува фирмата за уривање. Иницијативата на Села, прифатена од стружани. Тие сметаат дека на градот треба да му се врати некогашниот сјај.

Села најави и средување на состојбите со плажите. Формирал комисија која треба да му достави информација за тоа во каква состојба се истите. Откако ќе ги добиел потребните информации  ќе одлучат како ќе се постапува со нив.

„Како прво ова лето јас ќе ги тргнам лежалките или нема да дозволем концесионерите да земаат пари за нив бидејќи тие се градски плажи. Несакам предвреме да зборувам за плажите бидејќи тука е вмешано и Министерството за транспорт и врски“.

Останува времето да покаже дали градоначалникот на Струга, ќе се справи со нелегалните објекти кои последниве неколку години никнуваа на секој чекор и буквално направија хаос во урбаната сфера.

{loadposition content9}