Skip to main content

Започна 66-то издание на Канскиот филмски фестивал

Со проекцијата вон конкуренција на филмот „Големиот Гетсби” во 3Д техника, што е вторпат откако во 2009 година фестивалот беше отворен со анимацијата „Up”, во средата навечер започна 66-то издание на Канскиот филмски фестивал на кој и годинава учествуваат најголемите имиња на светскиот филм.

 |  Голабовски Крсте  | 
filmski festival vo kan
филмски фестивал во кан

Со проекцијата вон конкуренција на филмот „Големиот Гетсби” во 3Д техника, што е вторпат откако во 2009 година фестивалот беше отворен со анимацијата „Up”, во средата навечер започна 66-то издание на Канскиот филмски фестивал на кој и годинава учествуваат најголемите имиња на светскиот филм.

filmski festival vo kanФестивалот го прогласи отворен американскиот актер Леонардо Дикаприо пред публиката во Фестивалската палата којашто претходно со долг аплауз го поздрави претседателот на годинешното фестивалско Стивен Спилберг.

„Го прогласувам отворен 66-от Канскиот фестивал”, рече актерот пред прикажувањето на Филмот на Баз Лурмен, „Големиот Гетсби” (The Great Gatsby) кој всушност е веќе четвртата екранизација на истоимениот роман на Френсис Скот Фицџералд.

Во Кан престојува и еден од најдобрите фудбалери во историјата, 72-годишната бразилска ѕвезда Пеле, кој ќе го претстави идниот биографски филм за неговиот легендарен живот.

Прикажувањето во натпреварувачката конкуренција на дваесетте филмови започнува во четвртокот, со „Млада и убава” (Jeune et jolie) на постојаниот гостин на Кан, Франсоа Озон кој е всушност продолжување на неговото занимавање со темата за тинејџерите од претходното негово остварување „Во домот”, а во овој се зборува за тинејџерка од високиот општествен слој која станува проститутка. Во четврток ќе биде прикажан и филмот „Хели” (Heli) на мексиканскиот режисер Амат Ескаланте.

Режисерот на „Големиот Гетсби”, Баз Лурман, пред отворањето на фестивалот ги отфрли острите американските критики истакнувајќи дека ја очекува својата публика во киносалите. „Кога Фитцџаралд ја напишал таа книга го нарекуваа кловн”, истакна Лорман пред новинарите, потсетувајќи и дека неговите хитови „Мулен руж” и „Ромео и Џулиет”, не наидоа на еднодушен прием.

Филмот за Пеле, сметан за еден од најголемите фудбалери на сите времиња, со огромен придонес кон градењето на бразилскиот национален спортски идентитет, ќе го снимаат браќата Мајкл и Џеф Зимбалист. Филмот треба да се појави во кино салите непосредно пред започнувањето на Светското фудбалско првенство коешто индата 2014 година ќе се одржи во Бразил. Пеле, кој е меѓународен амбасадор на Мундијалот, во Кан изјави дека неговиот начин на игра бил „Божји дар”.

{loadposition content9}