Skip to main content

Како природата гради мостови

Последните сто години, жителите на две мали индонесиски села во Западна Суматра користат 30-метарски мост од поврзани корени од две дрвја лоцирани на секоја страна од една река за да се посетуваат меѓусебно.

мост
most

Последните сто години, жителите на две мали индонесиски села во Западна Суматра користат 30-метарски мост од поврзани корени од две дрвја лоцирани на секоја страна од една река за да се посетуваат меѓусебно.

Денес, природното чудо е наречено „Џембатан Акар“ и претставува популарна туристичка атракција. Според локалните жители, неверојатните корени од дрвјата биле создадени во 1890 година, од страна на Паких Сохан, муслимански учител кој бил разочаран што учениците од другото село не можеле да присуствуваат на неговите часови по Исламот и на рецитирањата на Куранот. Тој насадил две дрвја и започнал да ги влече нивните корени околу мал мост направен од бамбус.

мостЗа само неколку години, двете дрвја се „споиле“ преку реката, но мостот не бил доволно силен за да ја издржи тежината на луѓето уште две децении. Биле потребни приближно 26 години за мостот да стане доволно силен, а со секоја следна година станувал посилен како што корените продолжувале да растат. Ремек-делото на природната архитектура е опасно за користење додека врне бидејќи корените се лизгави. За да спречат несреќи, селаните додале повеќе дрвени штици над корените и го зацрвстиле мостот со челични жици. Сега, мостот може да држи десетина луѓе истовремено.

{loadposition content9}