Цената на нафтата повторно „до небо“
Во пресрет на утрешниот говор на претседателот на американската Управа на федералните резерви, Бен Бернанки, кој ќе се осврне на состојбата на економијата во САД, забележано е зголемување на цените на нафатата во светот.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јуни поскапе на Њујоршката стоковна берза за 16 центи на 96,87 долари за барел.
Во Лондон, пак, цената на европскиот „брент“ од Северното Море се зголеми за 25 центи на 105,05 долари за барел.
Бернанки утре ќе се обрати пред Конгресот на САД за да ги презентира најновите прогнози на ФЕД за перспективите на американската економија и за глобалната потрошувачка на нафта.
{loadposition content9}