Skip to main content

Македонија-светски лидер во заштитата на озонската обвивка

Вака коментираа најголемиот број од претставниците од канцелариите за заштита на озонската обвивка од Европа и Централна Азија.

 |  Мишел Наумоски  | 
ozon
озон

Намалување на хемикалии кои ја трошат озонската обвивка, унапредување на знаењата од областа на заштитата на озонската обвивка, реализација на бројни проекти. Ова се само дел од активностите кои во изминатите 16 години, Република Македонија ги презема во насока на зачувување на озонската обвивка. Сето ова, Македонија ја прави лидер не само на Балканот и Европа, туку светски лидер во оваа област.

zastita na ozonska obvivkaВоедно, нашата земја е првата земја воопшто која е членка на мрежата на канцеларии за заштита на озонската обвивка од Европа и Централна Азија, која  добила проект финансиран од меѓународната заедница.

„Ние сме во најуспешните земји, не само во регионот, туку и пошироко затоа што успеавме да дадеме наш придонес во оваа област и оваа заслуга е пред се на канцеларијата која е во рамките на Министерството за животна средина, а се финансира преку проекти. Исто така оваа канцеларија ги координира сите активности околу заштита на озонската обвивка, почнувајќи од имплементацијата на конкретни проекти со индустријата , па обука со професорите и учениците по средните училишта.“-рече министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.

kancelarii zastita na ozonМинистерот Адеми додава дека големината на земјата воопшто не е важна бидејќи сите земји имаат своја обврска да придонесат во заштитата на озонската обвивка. Со ова се согласува и извршниот секретар на Секретаријатот за озон, Марко Гонзалес. Тој вели дека токму Македонија е пример за таа констатација.

„Гласот на Македонија во меѓнародни рамки е силен глас и тој многу придонесе кон заштитата на озонската обвивка, не само на национално туку и на светско, глобално ниво. Имав среќа да бидам овде пред десет години кога се формираше мрежата меѓу земји кои што имаат канцеларии за заштита на озонската обвивка и овие десет години, не само Македонија, туку и другите земји од Балканот, Кавказ и Централна Азија остварија големи резултати и постигнаа големи достигнувања.“-вели извршниот секретар на Секретаријатот за озон, Марко Гонзалес.

Доказ за лидерството на Република Македонија во областа на заштитата на озонската обвивка се бројните проекти реализирани од македонската канцеларија.

ozonska obvivka„Македонија досега имплементираше преку четириесет проекти во областа на хемикалиите. Сите хемикалии на база на ЦФЦ познати како фреони се елиминирани од пред 5 години, сто проценти. ХЦФЦ хемикалиите кои беа замена во тој момент за ЦФЦ хемикалиите ги елиминираме по 5 проценти и имаме обврска до 2020та година да елиминираме 35 %. Сите проекти врзани за заштита на озонската обвивка се имплементирани, останува само сервисирањето на разладните уреди и клима уредите што ги имаме во секојдневна употреба.“-изјави Марин Кочов, раководител на канцеларијата за озон во Република Македонија.

Инаку македонската канцеларија за заштита на озонската обвивка е формирана пред 16 години. Тридневната средба на канцелариите од Европа и Централна Азија е воедно и прослава на десетгодишнината од формирањето на мрежата на канцеларии за заштита на озонот.

Учество земаат деведесетина претставници од земјите од Европа и Централна Азија, претставници на Секретаријатот за заштита на озонската обвивка и на Мултилатералниот фонд на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка.

{loadposition content9}