Skip to main content

За среќа, повторно „утка“

Астероидот 1998 QЕ2, со должина од околу три километри, на 31 мај ќе мине најблиску до Земјата.

asteroid
астероид

Овој масивен вселенски камен е откриен пред 15 години, но научниците не се сигурни од каде потекнува.

-Меѓутоа, површината на астероидот е прекриена со мистериозна, леплива, црна материја, што укажува дека можеби станува збор за комета што прелетела преблиску до Сонцето, изјави Ејми Мајнзер од Лабораторијата за млазен погон во Калифорнија, пренесува „Лос Анџелес тајмс“.
 
asteroid„Таа додава дека е можно место на потекло да е и астероидниот појас меѓу орбитите на Марс и на Јупитер.

Астрономите планираат од 30 мај до 9 јуни внимателно да го следат минувањето на астероидот. Во најблиското доближување до Земјата, на 31 мај, астероидот ќе биде на оддалеченост од околу шест милиони километри, што е приближно 15 пати поголема дистанца од растојанието меѓу нашата планета и Месецот. Научниците истакнаа дека „нема шанси”“ 1998 QЕ2 да удри во Земјата, а следното најблиско минување ќе се случи дури во 2119 година.

{loadposition content9}