Skip to main content

Епидемијата на 21 век не ја предизивикува вирус, тоа е депресијата

Иако депресијата се лекува, во Македонија многу мал број од луѓето кои доживуваат некаква депресивна состојба, не бараат помош.

 |  Голабовски Крсте  | 
депресија
depresija

Феноменот депресија не е присутен само во високоразвиените земји, тој последнава деценија бележи страшен подем и во земјите во развој како и земјите кои го живеат т.н период на транзиција.  И во Македонија од ова психичко растројство најмногу страда популацијата која е високопродуктивна, од 30 до 45 години. Причина е фрустрирачката состојба во општетсвото која оневозможува поединецот да ја оствари својата потреба да создава, при што се доживува застој за потоа да преовлада грижата, велат експертите. Моментално во Македонија, има околу 80.000 лица кои страдаат од депресија. За среќа оваа состојба се лекува, но за несреќа само 10% од оние кои ќе се јават за помош се адекватно третирани, бидејќи не стигнуваат до психијатриски и психолошки служби за да им се препише антидепресив, вели  Д-р Антони Новотни – Национален координатор за ментално здравје.

депресија„Се се тоа релативни индикатори за тоа дали има зголемување или не. Кога немаме соодветна статистика ние не можеме да збориме. Во секој случај, има повеќе јавувања на луѓе. Светската литература вели дека само 50 % од депресивните пациенти воопшто бараат помош. Кај нас и 70,80% од луѓето кои доживуваат некаква депресивна состојба не бараат помош“ објаснува  Новотни.

Во насока на борбата со депресијата, кон крајот на минатата година, Владата промовираше Национална стратегија за ментално здравје во Македонија за 2013-2016 година, каде еден од приоритетите ќе биде едукацијата на лекарите од примарната здравствена заштита за препознавање и лекување на депресијата.

„Ние се обидуваме за што повеќе луѓе ги отвориме сервисите. Не за тоа да ја патологизираме болеста, напротив да ја дестигматизираме и да кажеме дека, да депресијата се лекува, затоа што депресијата навистина се лекува, а најголемата трагедија која може да настане е самоубиство след депресивна состојба.“ вели Антони Новотни.


Деновиве во Охрид се одржува Петтиот конгрес на психијатрите на Република Македонија со меѓународно учество на кој  меѓу главните теми на конгресот ќе биде депресијата, како болест на секојдневното живеење, како и теми поврзани со самоубиствата, шизофренијата, насилството, зависностите и други состојби. На Конгресот,покрај реномирани имиња од сферата на психијатријата, како пленарни предавачи ќе земат учество дваесетина врвни експерти од областа на психијатријата од Европа и САД.

{loadposition content9}