Десет места наназад казна за Ромен Грожан
Откако беше прогласен за виновен за инцидентот со Рикиардо, Ромен Грожан доби казна од 10 места наназад на стартот од следната трка во Канада.
Откако беше прогласен за виновен за инцидентот со Рикиардо, Ромен Грожан доби казна од 10 места наназад на стартот од следната трка во Канада.
Возачот на Lotus F1 откако не успеа да влезе во третиот дел од квалификациите, денешната трка во Монако ја стартуваше од 13-тата позиција. Во 62-от круг, при неговиот обид да го претекне Даниел Рикиардо, Грожан буквално се заби во задниот дел на болидот на Toro Rosso. Инцидентот се случи на излезот од тунелот, при кочењето во шиканата Нувел.
Откако стујардите ги прегледаа снимките од овој инцидент заклучија дека за него е виновен возачот на Lotus F1, поради што му беше изречана оваа казна.
{loadposition content9}