Куќата на Хитлер-урбанистички проблем
Австриското градче Браунау има голем проблем, не знае што да прави со куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
Жолтата трикатница на улицата Салзбургер Ворстадт 15 со години е празна, а причината за тоа е што во 1889 година во неа е роден Хитлер.
Иако многумина сакаат таа зграда да биде срушена, истата е под заштита од градот Браунау.
Но, тоа не беше секогаш така, бидејќи на таа адреса некогаш беше и седиштето на Градската библиотека, банка и училиште,пишува Дојче Веле. Исто така, до само шест месеци во една од просториите имаше работилница за физички хендикепираните лица.
Неодамна јавноста беше шокирана од изјавите дека Хитлер воопшто и не е роден во Браунау, туку во некое село измеѓу германската и австриската граница.
Но,Андреас Маинслингер, жител на Браунау вели дека конечно мора да признаат дека во таа трикатница е роден нацистичкиот злосторник, наместо да се даваат лажни изјави. Тој додава дека граѓаните на Браунау воопшто не се криви што Хитлер е роден во нивниот град.
Андреас во 2000 година дал предлог зградата да биде преименувана во „Куќа на одговрност“ каде ќе навраќа на тажното нацистичко минато, но како конфронтација за да не се повтори истото и во иднина. Иако овој предлог го поддржа и Бранко Лустинг режисерот на Шиндлеровата листа, истиот не беше одобрен од градските власти.
{loadposition content9}