Следна дестинација на Лазаров, Барселона Интерспорт
Екипата на Барселона Интерспорт е следната дестинација во кариерата на Кире Лазаров.
Екипата на Барселона Интерспорт е следната дестинација во кариерата на Кире Лазаров.
Тоа денеска го тврди познатиот шпански дневен весник El Mundo Deportivo, според кој нашиот најдобар ракометар поради финансиските проблеми си заминува од Атлетико Мадрид и се сели во редовите на нивниот ривал.
Истиот медиум тврди дека наскоро треба да се очекува и официјална потврда на трансферот на 33-годишниот капитен на македонската репрезентација во редовите на Барса.
„Пред неколку месеци клубот се сретна со мојот менаџер на кого му беше објаснето дека поради неповолната финансиска ситуација тие нема да можат да ја продолжат соработката со мене онака како што претходно беше договорено. Сите велат дека шпанската ракометна лига доживува пад во квалитетот, и да, имаат право. Сепак, и покрај тоа ова се уште е лига со голем квалитет и нема играч кој не би сакал да игра во Шпанија. Покрај тоа јас имам семејство и и за нив, покрај за себе, морам да ја донесам исправната одлука. Моја желба е да останам во Шпанија со оглед на тоа дека добро се прилагодив на животот тука“ – изјави неодамна Лазаров за агенцијата Efe.
{loadposition content9}