Села да прифати македонец за претседател на Совет
Најмоќниот политички субјект коалицијата „Заедно за Струга“, не попушта. Од таму инсистираат, градоначалникот Зијадин Села да покаже респект и претседател на Совет да биде од редовите на оваа коалиција. Само така струшкиот градоначалник ќе упати силна порака за соживот и толеранција во општина Струга, додаваат од таму.
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски уште еднаш го повика градоначалникот на Струга Зијадин Села, да не дозволи најсилниот политички субјект да биде игнориран во општина Струга. Тој инсистира, македонец од редовите на коалицијата „Заедно за Струга“ да застане на кормилото на струшкиот Совет.
„Затоа упатуваме уште еден апел до градоначалникот Зијадин Села, добро да размисли пред да го предложи повторно неговиот фаворит за претседател на Советот на Општина Струга. Претседателот на Совет природно и припаѓа на Коалицијата „Заедно за Струга“ како најбројна и најмоќна советничка група во Советот на Општина Струга. На тој начин градоначалникот ќе покаже респект и ќе упати силна порака за соживот и толеранција на овие простори“.
Исто така од здружената коалиција го предупредија струшкиот градоначалник, доколку повторно не биде прифатено барањето претседател на Совет да биде од нивните редови, тие нема да ги поддржуваат точките на дневен ред предложени во струшкиот Совет.
„На последната седница на Советот на Општина Струга беше донесена одлука улиците „Пролетерски бригади“ и „15-ти Корпус“ повторно да бидат двонасочни. Таа одлука во струшкиот Совет помина со поддршка на советниците од коалицијата Заедно за Струга. Советниците од коалицијата покажаа добра волја, чуство за разбирање и гласаа за таа одлука. Доколку гласавме против таа одлука немаше да помине. Оваа е прва и последна точка што коалицијата ја гласаше со добра волја. Доколку не бидеме сериосно сфатени и не биде позитивно одговорено на нашите барања, тогаш градоначалникот нека си најде советници да му ги гласаат неговите точки“.
Како би се надминала состојбата, од коалицијата „Заедно за Струга“, оставаат порстор за разговори и преговори,но, не и за местото претседател на Совет, дециден Петкоски. Тој цврсто застанува на ставот дека тоа место треба и мора да припадне на коалицијата, која на последните Локални избори доби доверба од 15 000 гласови.
{loadposition content9}