Бубка во трка за претседател на ИОК
Олимпискиот победник и повеќекратен светски рекордер Сергеј Бубка влегува во трката за избор на нов претседател на Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК).
Олимпискиот победник и повеќекратен светски рекордер Сергеј Бубка влегува во трката за избор на нов претседател на Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК).
Тој ќе биде шести кандидат во оваа трка, покрај Германецот Томас Бах, Сингапурецот Нг Сер Мианг, Порториканецот Ричард Керион, Ц.К.Ву од кинески Тајпех и Швајцарецот Денис Освалд.
Новиот претседател на Меѓународниот Олимписки Комитет ќе биде познат на 10. септември, по Конгресот што ќе се одржи во Буенос Аирес. Победникот од шесте кандидати ќе го наследи 71-годишниот Жак Рог на функцијата претседател на ИОК кој на чело на светското олимписко семејство е од 2001 година.
{loadposition content9}