Skip to main content

Ачик несредени плажи на струшкото крајбрежје

Грда слика на струшките плажи кои не се под концесија. Обраснати во трева, преполни со расфрлано ѓубре, а недоизградените, урнатите и руинирани објекти дополнително ја нагрдуваат струшката крајбрежна линија.

 |  Николоска Биљана  | 
plazi
плажи

На прагот од летната сезона струшките плажи кои не се издадени под концесија, се несредени. Неискосена трева, расфрлано ѓубре, недоизградени објекти, е само дел од сликата која боде очи не само на мештаните на туристичка Струга, туку и на секој посетител и гостин.

plaziОд секторот за урбанизам Ресул Хани, кажа дека проблемите во врска со плажите долж струшкото крајбрежје се наследени, но влева надеж и убедува дека сепак во интерес на градот и туристичката сезона ќе се заложат  за брзо време истите да се надминат. Инаку тој во брифинг за ТВМ потенцираше дека имаат формирано Комисија за управување со градежно неизградено земјиште, но која има за цел исклучиво да врши контрола на лице место и увид во одобрената техничка документација, согласно која се склучени договорите за закуп со Министерството за транспорт и врски, односно за плажите кои се издадени под концесија.
Забелешките на граѓаните во врска со несредените плажи кои не се издадени под концесија се евидентиирани и во пратеничката канцеларија на Лилјана Зартуроска. Таа вели дека граѓаните со право реагираат.

plazi„Сосема сте во право и гледаме грда слика на струшките плажи, концесионерите од тој дел забрзано работат за да се спремат за пречек на туристите, но оние плажи кои што не се издадени под концесија гледаме дека навистина се запустени и ја грдат сликата на градот. Јас апелирам до надлежните институции до Комунално, од Локалната самоуправа да ги превземат сите ингеренции кои се во нивна надлежност за да се спремни да се исчисти градот да се средат плажите за да може ние навистина спремно да ги пречекаме туристите кои доаѓаат во Струга. Јас направив записник кој што треба да го испратам до градоначалникот за да му ги кажам барањата кои до мене ги испратија граѓаните“.

И  плажите кои се под концесија и кои не се под концесија, треба да се уредени без префрлање на топката од едни на други. Години наназад сите епитети за туристичка Струга, паѓаат во вода, само заради неодговорниот однос на дел од институциите.

{loadposition content9}