Демонстрации во Истанбул, десетици повредени
Десетина лица се повредени во насилна интервенција на специјалната полиција рано во петокот против неколку стотици демонстранти кои со денови кампуваа во паркот во центарот на Истанбул, протестирајќи против планот на урбанизацијата, јави AFP.
Десетина лица се повредени во насилна интервенција на специјалната полиција рано во петокот против неколку стотици демонстранти кои со денови кампуваа во паркот во центарот на Истанбул, протестирајќи против планот на урбанизацијата, јави AFP. Полицајците употребија солзавец со намера во зора да ги дислоцира протестантите од Гези Паркот на Плоштадот Таксим, централен плоштад во европскиот дел на најголемиот турски град.
Демонстрантите кампуваа цела недела во паркот протестирајќи против планот за урбанизација кој предвидува уривање на стебла во паркот и изградба на нов културен и трговски центар.
Од понеделникот жителите на Истанбул, редовните посетители на паркот и еколошките активисти кои го сметаат паркот за бели дробови на овој дел на метрополата, чуваа стража со поддршка на парламентарната опозиција и секојдневно се бореа против силите на редот тврдејќи дека станува збор за незаконски работи.
По денешната интервенција, демонстрантите одново почнаа да се собираат на приодите на паркокот со околу 600 стебла.
{loadposition content9}