Skip to main content

Протестите во Турција стануваат помасовни

Стотина приведени демонстранти и жестоки судири со полицијата ја одбележаа минатата ноќ во Турција.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti
протести

Стотина приведени демонстранти и жестоки судири со полицијата ја одбележаа минатата ноќ во Турција. Локалните медиуми пренесуваат дека бројот на демонстранти станува сè помасовен. Ноќеска најрадикално расположените демонстранти во Анкара се обиделе да се втурнат кон канцеларијата на премиерот Ердоган, но полицијата го спречила обидот.

Демонстрантите го обвинуваат премиерот Реџеп Таип Ердоган за злоупотреба на моќта и обид да ја исламизира земјата. Од изутринава територијата околу зградата на владата и министерствата се опокружени од силите на редот. Турскиот премиер денеска повика на смиреност и апелираше, како што рече, да не се наседнува на провокациите иницирани од ектремистички елементи.

protesti„Ако ги оставиме на страна граѓаните кои по повикот преку социјалните мрежи се приклучија на протестите, можам да кажам дека организатори на немирите се екстремиетички елементи. Оние кои не можеа да нè поразат на демократските избори сакаат да победат со вакви методи“, истакна Ердоган.

Ердоган покажа дека нема намера да се повлече пред протестите и ги обвини демонстрантите за подметнување пожари и ограбувања. Критичарите пак, велат дека турската полиција употребила преголема сила против насобраниот народ. Денеска САД ја повикаа официјална Анкара да покаже воздржаност, оценувајќи дека протестите биле дел од демократскиот израз на народот.

Според турската лекарска асоцијација, во изминативе три дена на протестите биле повредени повеќе од 1.000 луѓе во Истанбул и околу 700 во Анкара. Протестите се разгореа откако минатиот петок полицијата интервенираше против демонстранти кои на плоштадот Таксим во Истанбул протестираа против еден спорен градежен проект. Демонстранциите брзо добија антивладин тон и се проширија во околу 50 турски градови.

{loadposition content9}