Skip to main content

Охриѓани бараат било каква работа, но посакуваат соодветна на нивното образование

Со последната пререгистрација на невработените лица во Охрид, пет илјади лица активно бараат вработување.

 |  Голабовски Крсте  | 
carshija
чаршија

Решавањето на проблемот со невработеноста најважно за охриѓани. Имајќи предвид дека се потешко се наоѓа работа, нашите сограѓани велат дека не пребираат работа, но посакуваат таа да биде соодветна на нивното образование.

carshijaСо воведувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кои стапија на сила во втората половина на декември 2012-та година, се  спроведе регистрацијата на лицата кои активно бараат работа. Иако со ова бројот на невработенит лица се преполови, сепак моментално во Охрид фигурираат пет илјади лица кои активно бараат вработување, вели Јован Баткоски првиот човек на Центарот за вработување.

„Сепак, тоа е сериозна бројка и треба, многу, многу да се работи за нивното работно ангажирање, создавање на услови инвестиции, бидејќи проблемите и маките на луѓето не се мали.Ce очекува зголемување на бројот на вработувањата, во сите сектори за време на туристичката сезона, посебно во угостителството и туризмот, сообраќајот и трговијата“, објаснува Баткоски.

kafuleОхриѓани посебно заинтересирани за огласот за вработување во ЈП „Македонски шуми“. Станува збор за можност за вработување на 1600 долгорочно невработени лица или лица невработени во континуитет десет години, лица кои доаѓаат од семејства во кои нема ниту едно вработено лице, лица од многудетни семејства и самохрани родетили или семејства со еден родител.

Сите заинтересирани, за начините на апликација може да се информираат во подружницата на ЈП „Македонски шуми“ или во Центарот за вработување од Охрид. Инаку во Агенцијата за вработување на Република Македонија, заклучно со 31 декември 2012 година, а со последната пререгистрација на невработените, евидентирани се вкупно 243 403 лица.

{loadposition content9}