Одложен случајот „Писториус“
Случајот на параолимпиецот Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка, со првото сослушување влезе во следна фаза.
Случајот на параолимпиецот Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка, со првото сослушување влезе во следна фаза.
Судот, денеска (04.06), на барање на обвинителството, го одложи процесот до 19 август. Првото предсослушување во процесот „Писториус“ траеше кратко. Јавното обвинителство побара одложување на процесот за да може да продолжи со истрагата за убиството на Рива Стинкамп.
Таа му беше девојка на Писториус и во ноќта меѓу 13 и 14 февруари оваа година беше убиена од страна на спортистот во неговата вила во предградие на Преторија. Јавното обвинителство го обвинува Писториус за убиство.
Писториус изјави дека својата девојка ја помешал со разбојник.
{loadposition content9}