Skip to main content

Заврши опсадата на Мумбај:најмалку 195 загинати

Броjот на жртвите во трагедијата во Мумбај достигна 195, а повредени се 295 лица, соопштија локалните власти откако се пронајдени уште тела во хотелот „Таџ Махал“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mumbai
Мумбаи

 

Броjот на жртвите во трагедијата во Мумбај достигна 195, а повредени се 295 лица, соопштија локалните власти откако се пронајдени уште тела во хотелот „Таџ Махал“.

Шантарам Џадав од службата за контрола на катастрофи предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што има тела кои се на пат кон болница.

terorizamИндиските командоси утрово ги убија последните вооружени мажи кои го опседнаа луксузниот хотел, со што заврши 60-часовата опсада во финансискиот центар на Индија, за која се претпоставува дека е дело на исламски екстремисти.

„Таџ Махал“ е под наша контрола“, соопшти началникот на полицијата на Мумбај Хасан Гафур.

 

{loadposition content9}