Доделени дипломи на дечињата од охридските градинки
На сега веќе традиционалната свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, идните првачиња се збогуваа со своите воспитувачки и се подготвени да го продолжат образовниот процес.
На сега веќе традиционалната свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, идните првачиња се збогуваа со своите воспитувачки и се подготвени да го продолжат образовниот процес.
Дружењето во градинка заскогаш останува во нашите сеќавања. Сите ние кои сме биле во градинка се сеќаваме на воспитувачките или барем на еден од нашите другари со кои сме го поминале тој дел од нашето детство. На денешната традиционална свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“ на дечињата од охридските градинки им беа доделени првите дипломи, со фотографии и имиња на своите другарчиња.
„Оваа година 200 дечиња ќе добијат дипломи, најубавиот подарок, тоа е прва диплома за којашто се надеваме дека ќе остане како темел врз којашто ќе се надоградуваат дипломи поната во животот. Го одбравме денов среда за да имаат среќа на сите полиња во животот, петти за да бидат успешни, за да имаат петки не само на училиште, во поканите стоеше по една пчеличка, бидејќи пчелата е симбол на трудот му посакуваме на сите да бидат трудољубиви и вредни како пчеличките и секое детенце покрај дипломата си доби по едно цветче, што е симбол на нежноста со што им посаквуме да останет нежни во срцата и душичките за цел живот“, вели Костоска.
Инаку годинешнава приредба имаше и хуманитарен карактер, односно средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на изработените ликовни дела на дечињата од градинката, изложени во просториите на централната установа, ќе бидат наменети за помош на малата Александра Суклоска која моментално се наоѓа на лекување во Скопје.
{loadposition content9}