Skip to main content

Бакрачески слушна за успесите и проблемите на ОУ Христо Узунов

Бакрачески слушна за успесите и проблемите на ОУ „Христо Узунов“.

 |  Валентина Неловска  | 
ХУзунов
ХУзунов

Градоначалникот Никола Бакрачески на крајот од школската година оствари  посета на ОУ  „Христо Узунов“. Ова школо е едно од  најголемите во Охрид во кое учат околу 1300 ученици. В.д. директорот Тони Симоноски го информираше градоначалникот за постигнатите успеси на нивните ученици на локално, регионално и републичко ниво, но и за проблемите и потребите на училиштето.  

„ Најгорлив проблем се вратите и прозорците кои прават дополнителни трошоци на школото во грејната сезона. За да се зголеми енергетската ефикасност треба нивна замена. Покривот  е од азбест табли и исто така треба да се замени. Училиштето има тековни потреби по нешто да се реконструира секоја година.“

посета БакраческиОУ „Христо Узунов“ како и останатите општински  улчилишта има  финансиски проблеми. Тие се однесуваат  на долгови кон доверители за  кои се бараат решенија за нивно надминување во иднина, рече по средбата  Бакрачески.

„Веднаш по добивањето на мандатот го задолжив секторот за образование да направи пресек на финансиското работење во кој беа анализирани задолжувањата на училиштата. Финансиската состојба е насекаде  иста. Најчесто училиштата, меѓу кои и ова, должат за неисплатени сметки за струја и нафта. Се обидуваме преку долгорочна програма да им помогнеме во рамките на можностите на Локалната самоуправа да излезат од финансиските  потешкотии.“

До крајот на годинава се очекуваат финансиски  средства од Светска банка за реконструкција на училиштата. Се планира меѓу останатите училишта за санација да се вклучи и ОУ „Христо Узунов“.

{loadposition content9}