Skip to main content

Mеморандум за соработка помеѓу СРЦ „Билјанини извори“ и ЈДУ „Јасна Ристеска“

Mеморандум за соработка помеѓу СРЦ „Билјанини извори“ и ЈДУ „Јасна Ристеска“.

 |  Валентина Неловска  | 
меморандум
меморандум

 

Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ за прв пат од своето постоење ќе ги отвори вратите  за најмалите охриѓанчиња од сите детски градинки. В.д . директорите, Иван Цветкоски,  на СРЦ „Билјани извори“ и Роза Костоска, на ЈДУ „Јасна Ристеска“,  потпишаа меморандум за соработка. Децата од сите 5 објекти  на градинката по еден час дневно во текот на неделата ќе може да спортуваат на терените во центарот.

деца „ Ова е од големо значење за децата, за нивниот физички развој,  да ги отргнеме од компјутерите и ТВ приемниците. На тој начин ќе допринесеме за нивно поголемо здравје. Ќе има можност за издвојување на спортски талентираните деца од просечните. Се надеваме дека од мали нозе талентираните деца ќе се развиваат спортски и понатака, а ние како градинка мислиме за доборото на дечињата“, истакна  Костоска.

„ Ние ќе обезбедиме образован кадар кој во тие еден сат -два ќе присуствуваат на спортскиот центар. Особено задоволство ми е што овој спортски храм ќе е отворен за дечињата. Со оглед на тоа што децата се на  3, 4 и 5 годишна возраст од септември ќе ја надгрдиме оваа возраст со отварање на спортска академија. Децата ќе се насочуваат да тренираат во неа“, рече Цветкоски.

Од идната недела вратите на спортскиот објект ќе бидат отворени за спортување на децата. Останува да се прецизираат термините на изведување на спортските активности. Со прилагодување на опремата на спортските  терени децата ќе може да играат фудбал, ракомет или кошарка, а ќе може и да го користат и малиот базен за пливање.   

{loadposition content9}