Skip to main content

Доаѓа сезоната на шумски пожари

Големата влажност и високите температири кои се најавени за наредниот период се причина повеќе за полесно предизвикување на шумските пожари. Од НП Галичица воопшто не седат со скрстени раце. Интензивно се подготвуваат за ова лето бидејќи светските метеоролошки станици најавуваат пеколни температури во месеците јули и август.

 |  Јаковлева Лионела  | 
suma
suma

Врнежите од дожд и ниските температури ја намалија опасноста од пожари. Но, од НП Галичица велат дека воопшто не седат со скрстени раце. Објаснуваат дека големата влажност и високите температири кои се најавени за наредниот период се причина за бујна тревна вегетација што пак е причина повеќе за полесно предизвикување на шумските пожари. Од Галичица објаснуваат дека со цел состојбата во паркот да остане стабилна и ризикот од пожари да биде сведен на минимум, се вршат обуки на населението кое живее во селата во рамки на националниот парк Галичица. Планирано е да се поделат 10 000 флаери наменети за посетителите на националниот парк, за да ги потсетат како да се однесуваат при престојот во излетиштата. Преземени се и бројни превентивни активности за спречување на пожари, нагласува Номче Новески раководителот на секторот за заштита од пожари, во НП „Галичица.sumi

Од националниот парк „Галичица“ ја потенцираат одличната соработка со противпожарната единица од Охрид. Кон намалување на степенот на опасност, придонесе и Забраната за движење во шума која секоја година ја носи Министерството за земјоделие, водостопанстви и шумарство, при што движење е можно, но само со специјални дозволи. Контролираното движење на посетителите во шумите во изминативе четири години даде позитивни резултати во спречување на појавите на опожарување на шумите, нагласува Новески.
За непочитување на забраната казните се ригорозни и се движат и до 3000 евра. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корисникот на шумите, се движи од 2.000 до 3.000 евра, додека за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра.

Инаку, последно големо опожарување во НП Галичица беше во 2007 година со два пожари. Едниот изби на албанската страна и се прошири на нашиот дел од паркот и вториот во Отешево, а предизвикаа огромна материјална штета.

{loadposition content9}