Skip to main content

Скопје и Охрид подготвени за старт на Европското ракометно првенство

Република Македонија од 2 до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.

 |  Крсте Голабовски  | 
ERP logo
ЕРП лого
Република Македонија од 2 до 14 декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки.

Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Бијалнини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи.
Во групата А ќе се натпреваруваат Франција, Унгарија, Данска и Романија. Групата Б ја сочинуваат екипите на Норвешка, Португалија, Шпанија и Украина.

Во третата-Ц група се селекциите на Русија, Шведска, Австрија и Белорусија.
Македонската репрезентација е во групата Д со Германија, Хрватска и Србија.

sportska salaИзбраничките на селекторот Владимир Глигоров својот прв натпревар ќе го одиграат против Германките на 2 декември во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 15 минути.
Европското првенство ќе стартува во 17 часот и 45 минути со натпреварот во Скопје меќу Хрватска и Србија.

Во Скопје ќе се играат натпреварите од групите А и Д, а во Охрид Б и Ц. Организаторите тврдат дека се е подготвено за почеток и за успешно одвивање на Европското првенство.

 

 

{loadposition content9}