Skip to main content

Лекарите ќе прeпишуваат рецепти за 90 дена

Министерот за здравство Бујар Османи денеска ја потпиша Согласноста за одобрување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување.

Bujar Osmani
Бујар Османи

По стапувањето во сила на овие измени лекарот ќе може да препишува рецепти за 90 дена, со означен датум на рецептот соодветно за секој месец.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување (Сл. весник на РМ бр 111/2000, 4/2001, 71/2001, 23/2002, 55/2004, 30/2006, 137/2006, 26/2007, 132/2007, 59/2008, 64/2008 и 128/2008) во член 47 по став два се додава нов став 3 кој гласи:

klinicki centar“Лекарот може да пропишува рецепти за 90 дена, со означен датум на рецептот соодветно за секој месец”.

Овој правилник влегува во сила осмиот ден на објавување во Службен весник на Република Македонија. Со потпишување на оваа согласност се исполнети сите предуслови и законски обврски за воведување на популарно наречениот „хроничен рецепт“ и не постојат никакви пречки за негово профункционирање.

{loadposition content9}