Фолк Фест Спасовден, од локален настан, до фестивал со меѓународни фолк ѕвезди
Организиран на големиот христијански празник Спасовден, овој фестивал во изминатите три години прерасна во сериозна манифестација.
Пред три години, на денот на големиот христијански празник Спасовден, лесковчани срамежливо но сигурно започнаа една нова традиција поврзана со нивната селска слава. Пред три години здруженито на граѓани „Спасовден“ од Лескоец за прв пат го организираше фестивалот на препеани македонски фолк песни „Фолк Фест Спасовден“.
Но она што тогаш започна како мал, локален настан, полека се претвора во нешто многу поголемо, а од годинава добива и меѓународен карактер.
„Годинава успеавме да добиеме најавено присуство на врвни имиња од македонската естрада, а имаме чест и да ни присуствуваат и специјални гости од Република Бугарија, Раина и Васил. Се надеваме дека временските услови ќе ни одат во полза и се надеваме на убава и успешна забавна вечер.“-вели портпаролот на здруженито на граѓани „Спасовден“, Спаса Крстаноска.
Инаку фестивалот има ревијален карактер, а за разлика од претходните години кога се настапуваше исклучиво со препеани песни, годинава повеќе од половината настапувачи ќе испеат новокомпонирани песни но со традиционалниот македонски фолк елемент.
Меѓу попознатите изведувачи ќе настапат нашиот Петар Нечовски, потоа Анета и група Молика, Сузана Гавазова, Даниела Темелковска и многу други. За догодина, интерес за учество покажале и српски изведувачи. Фолк Фест Спасовден 2013 започнува утревечер во 20 часот во дворот на основното училиште Ванчо Николески, а свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.
{loadposition content9}
Организиран на големиот христијански празник Спасовден, овој фестивал во изминатите три години прерасна во сериозна манифестација.