Skip to main content

Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“

Охриѓани ќе добијат современи терени на СРЦ „Билјaнини извори“.

 |  Валентина Неловска  | 
bazen
bazen

Градоначалникот и неговиот тим денес направија обиколка на спортските терени на СРЦ „ Билјанини извори“. Разгледаа  во каква состојба се објектите и кои се можностите за развој на спортските содржини на единствениот спортско рекреативен центар во градот.  Спортскиот центар плански ќе се развива и она што ќе се гради сега ќе има ефект во следните години, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави дека ќе се гради и долгоочекуваниот затворен базен.
 
sportska sala„ На почетокот на идната година ќе почне изградбата на затворен базен. Разгледани се можнсостите за развој и на други спортови на вода.Се баараат решенија да заживеат и спортовите како што се веслањето, едриличарството и кајакарството.“

СРЦ „Билјанини извори“ да ги добие содржините според потребите на граѓаните, ќе биде заложба на Локалната самоуправа. Градоначалникот кажа дека со неговиот  тим работат на изнаоѓање на решенија, единствениот градски спортски центар, да ги има сите спортски содржини.

„ Во изминативе години овој СРЦ беше изложен на деградација и пустошење. Има неколку сомнителни легализации , приватизации, продажби  на површини порано кои биле во состав на СРЦ, но тоа не можеме да го вратиме назад туку во иднина да изградиме современ спортско рекреативен центар со сите содржини“, кажа Бакрачески.

ss

Она што во изминатиот период поминало со Деталните урбанистички планови не може да се врати, но терените што се останати од СРЦ во сопственост на јавното претпријатие нема да се раскрчмуваат додека  сум јас градоначалник, напомена Бакрачески. На спортскиот центар ќе функционираат  двата отворени базени, тениското игралиште, терените за мал фудбал, но и лизгалиште.

 

 

 

 

{loadposition content9}