Се чистат муслиманските гробишта
Угледот на еден град зависи од угледот на гробиштата. Вака охридскиот муфтија денес ја поздрави акцијата на расчистување на депонии и смет од пред муслиманските гробишта, која ја спроведува ЈП Градски Гробишта во соработка со Охридски Комуналец. Градоначалникот Никола Бакрачески пак вели дека само го запазуваат принципот-подеднаков третман на обредите за припадниците и на христијанската и муслиманската вероисповест.
Се чистат депониите и сметот, пред муслиманските гробишта. Целта, како што истакна првиот човек на градот, Никола Бакрачески е подеднаков третман на христијанскиот и муслиманскиот дел од гробиштата „Овој отпад е наталожен од времето на претходното раководство и како затекнат проблем, пристапивме кон негово решавање“ , додава Бакрачески.
„Пристапивме со расчистување на депониите и сметот и средување на тротоарите, улиците, ивичњаците парковите во христијанскиот дел на гробиштата, сега почнуваме да го правиме истото тоа со муслиманскиот дел на гробиштаат и во таа насока таа принципиелност кај нас ќе оди во континуитет и значи нема откажување од таквите принципи кои што сме ги зацртале. Денес почнуваме со расчистување на депониите кај муслиманските гробишта и во иднина, ние имавме средба пред неколку месеци со муфтијата разговаравме околу можностите за изградба на една капела кој што ќе ги следи муслиманските обичаи околу погребите“.
Акцијата на ЈП „Градски Гробишта“ ја поздравија и пртставниците на охридското муфтивство, предводени од муфтијата Африм Џелили.
„Навистина местото каде што беше муслиманскиот дел на гробиштата наместо да се чисти претходно тоа се направи како депонија. Сме имале заеднички јазик со градоначалникот и му заблагодарувам за тоа, и мислам на понатамошна соработка бидејќи угледот на еден град зависи од угледот на гробиштата на тој град“.
ЈП „Градски Гробишта“, со засилено темпо работи не само за расчистување на депониите и сметот пред муслиманските гробишта, туку и воопшто, посебно во пресрет на Духовден, изјави в.д. директорот Зоран Симоноски. Додава дека хигиената мора да биде на највисоко ниво и со прецизност неможеше да кажи за колкава количина на смет станува збор.
„Со илјадници кубици не можиме точно да претпоставиме но ветивме и тоа ветување ќе го исполниме дека се ќе биде чисто. Најголем дел е отпадот што го затекнавме тука, односно кога јас дојдов на раководната функција, тој отпад тука е повеќе години.
Градежниот шут, земјата, камењата како и растителниот отпад кој години наназад е наталожен пред муслиманските гробишта ќе се носи на депонијата Мауцкер. Акцијата се изведува во соработка со ЈП „Охрдски Комуналец“. Од ЈП Градски Гробишта информираат дека во муслиманскиот дел на гробиштата ќе се инсталираат уште две чешми, а на повидок е и изградбата на капелата во тој дел.
{loadposition content9}