Советниците и локалците се обучуваат како да ги помогнат програмите за ХИВ и туберкулозa
„Знаењето дава можности, поддршката резултати“. Под ова мото се спроведува проектот „Застапување, комуникација и социјална мобилизација“ чија цел е обука за одржливост на програмите за ХИВ и туберкулоза. Во него се вклучени и советниците и преставници од Локалната на Општина Охрид.
Советниците и преставници од Локалната се обучуваат како да помогнат во одржливоста на програмите за ХИВ и туберкулоза. Невладините организации кои ја третираат оваа проблематика планират да изготват акционен план кој треба да биде подржан од општината. Целта на овој план според Александра Наумческа од невладината организација „Интеретнички проект“ од Гостивар која го спроведува проектот, е подобрување на условите за имплементација на програмите за превенција од ХИВ и туберколоза на ниво на заедницата.
Во проектот „Застапување, комуникација и социјална мобилизација“ Учествува и НВО Опција од Охрид и ЦК од Охрид. Тие тековно работат во делот на здравствено-превентивната дејност, обрнуваат внимание на контрола и превенција од туберколоза, ХИВ-сида и останатите сексуално преносливи болести. Царева Рувинова, од НВО Опција вели дека во Охрид официјално има 360 лица кои инјектираат дрога, а се регистрирани 170 сексуални работнички кои ги користат програмите и услугите на Опција. Рувинова потенцира дека секој месец бројот на исконтактирани сексуални работнички расте.
Ва последните три години направени се многу едукативни работилници на терен, поделен и дистрибуиран е печатен и едукативен материјал, хигиенски пакети, а целна група се жените, ромската популација, затвореници, општата популација и сите засегнати страни, вели Рувинова. Таа додава дека активностите продолжуваат и понатаму. На 28 јули ќе се одржи ХИВ караван со голем хепенинг, во септември ќе има уште шест работилници, а после тоа ќе се изготви акциониот план кој треба да се донесе на седница на совет. Во програмата „Застапување, комуникација и социјална мобилизација“, освен Охрид, до 2016 година ќе бидат вклучени уште девет општини меѓу кои се Гостивар, Битола Велес, Кавадарци, Штип, Струмица.
{loadposition content9}