Skip to main content

Почна градежната офанзива во Охрид

Почна асфалтирањето на ул Радојца  Новичиќ. Градоначалникот Никола Бакрачески и други претставници на општина Охрид, на терен за да видат дали програмата за асфалтирање на градските улици се одвива според предвиденото.

 |  Николоска Биљана  | 
asfaltiranje
асфалтирање

Почна градежната офанзива во Охрид. Ќе се асфалтираат и  реконструираат 8 поголеми улици во градот. asfaltiranjeАсфалтирањето почна од ул Радојца Новичиќ односно оттука почна реализиција на првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици. Градежната машинерија и екипите на градежната компанија Гранит веќе се на терен.

„Прва улица која ќе се асфалтира е Радојца Новичиќ во должина од 1840 метри и вкупна површина од 9200 квадратни метри. Понатаму ќе се асфалтираат улиците Петрино, со вкупна должина од 450 метри и широчина од 4,5 метри оваа улица Радојца Новичиќ е со ширина од 5 метри“.

Паралелно со тоа продолжува санацијата и реконструкцијата на ударните дупки, изјави првиот човек на градот Никола Бакрачески. Градоначалникот исто така потенцираше дека во моментов Локалната самоуправа работи на масовна изработка на проекти за асфалтирање на улици не само во централното градско подрачје туку и во руралните средини.
asfaltiranjeЖителите на Радојца Новичиќ задоволни од зафатите кои денес отпочнаа на нивната улица. Велат дека на оваа улица речиси 8 години не е направено ништо и дека истата била во многу лоша состојба.

„Градоначалникот она што ни го вети го исполнува. Голема благодарност од сите жители на Радојца Новичиќ до градоначалникот и само вака да продолжи и со работа да одиме напред“.

Жителите на Радојца Новичиќ се покажаа како добри домаќини, па градоначалникот и претставниците на општина Охрид ги дочекаа со трпеза од домашни специјалитети подготвени од бурекчилница Зоби како и традиционалната убава охридска цреша.

{loadposition content9}