Skip to main content

Локалната ќе ја укине комуналната такса за занаетите во изумирање

Локалната ќе ја укине комуналната такса за занаетите во изумирање.

 |  Валентина Неловска  | 
kovac
kovac


Претставници од Занаетчиската комора на Охрид се сретнаа со градоначалникот Никола Бакрачески. На градскиот татко му ги кажаа  проблемите и потребите на занаетчиите. Бараа заеднички начин како да им се помогне во наделжностите кои ги има Локалната самоуправа. Градоначалникто Бакрачески кажа дека пред охридските совентици ќе го стави предлогот за  укинување на комуналната такса во висина од 500 денари годишно за занаетите во изумирање.

занаети„ Ние, согласно член 36 од Законот за Локална самоуправа, веќе на наредната седница ќе ја ставиме предлог одлука за укинување на комуналната такса за занаетите во изумирање како што се казанџиите, крзнарите, саатчиите, ковачите. Со оваа одлука ќе се намалат трошоците на нивната дејност“, рече Бакрачески.

Претседателот на Занетчиската Комора на Охрид, Сашо Богоески кажа дека имале конструктивен разговор со градоначалникот Бакрачески.  Покрај укинувањето на комуналната такса за занетите во изумирање ќе се корегира и висината на цената од 2000 денари на 500 за комунална такса за сите занетчии членови на Комората. Занаетчиите побарале  намалување и на давачката за ѓубретарина. Богоески укажа и на барањето на занаетчиската комора до Министерството за економија.

„ Потпишан меморандум со стручните училишта практичниот дел од обуката да го изучуваат кај  занаетчиите. Од Министерството за економија кое подготвува нов Законз а вршење на занаетчиска дејност побаравме да иам измени и  секој занаетчија да има право на ученик или калфа“, кажа  Богојески.

Претставниците на Занатчиската комора од Охрид и градоначалникот Бакрачески договориле и организирање на Саем на занаетчии. На тој начин  ќе ја зголемат туристичката понуда на градот, а посетителите на Охрид ќе имаат можност да се запознаат со разни видови на занети. 

{loadposition content9}