Колкаво е богатството на МПЦ?
Во македонските цркви се слеваат огромни пари по разни основи. Дали религиските организации станаа економски институции? на оваа тема пишува порталот „Фактор“.
Секогаш кога граѓаните ќе влезат во црковен објект и сакаат да извршат некој религиски обред за коишто им е потребен одреден предмет кој што ја означува симболиката на обредот до него стои ценовник за тој предмет или ценовник за соодветната религиска услуга, за соодветниот религиски ритуал. Токму тие ценовници ги иритираат граѓаните бидејќи канонски не можеш и не смееш да дадеш вредност за религискиот ритуал.
Иако, според религиските норми, светите книги, никаде не се фаворизира плаќање за одреден обред, туку напротив се оди по правилото верникот да плати кој колку има, сепак во голем дел од македонските црковни храмови можете да најдете ценовник за извршување на одреден обред.
На пример, чинот на венчавката кој ќе го изврши еден свештеник чини 4.000 денари, а со тројца свештеници околу 100 евра. За крштевка потребни се 3.000 денари, а за погреб – 2.500 денари. Дополнително иритирачки за македонските верници е што сепак ова е ценовник кој не е по правилото кој колку има и уште повеќе што и оние кои ќе платат за ова не добиваат фискална сметка. Токму неодамнешниот обид за фискализација и оданочување на црковните обреди од страна на државата наиде на жестоки реакции пред се од црковната јавност.
Според информациите кои за Фактор ги потврдуваат црковни извори, Поглаварот на МПЦ Охридска Архиепискппија, гг Стефан се возел во Мерцедес од висока класа, но и во џип Гранд чироки. Митрополитот Агатангел се возел во џип Тојота ленд крузер. Владиката Иларион имал исто така џип, но се откажал од него, го продал.
Според информации на фактор, Владиката Петар наводно се возел во Ауди А6 или А8, но имал и берлиног. Владиката Наум имал фолксваген пасат. Владиката Пимен возел Ауди А4, а владиката Методиј наводно има евтин стар американски џип. Во црковната ергела ги немало повеќе крајслерите, велат нашите црковни извори.
Со завршување на процесот на денационализацијата МПЦ-Охридска Архиепископија и ИВЗ немаат пресметки со што сé располагаат. Се претпоставува дека на крајот од денационализацијата двете најголеми верски заедници ќе бидат меѓу најголемите земјопоседници во Македониј,велат од „Фактор“.
{loadposition content9}