Питачите протерани од Охрид
60 тина лица кои питачеле во центарот на Охрид, вратени во своите места на живеење.
Туристичката сезона во Охрид е на прагот, а со неа, освен туристи, во Охрид ни доаѓаат и голем број на питачи. 31 полнолетно и 27 малолетни лица кои питачеле во центарот на Охрид, вратени во своите места на живеење. Оваа акција ја спроведе СВР Охрид согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште. Акцијата се спроведе викендов, а од СВР најавуваат зачестени вакви акции.
Секторот за внатрешни работи Охрид презеде плански мерки за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење. Контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја. Акцијата имаше и превентивен карактер, а целта беше елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела. СВР Оваа акција ја спроведе заедно со Центарот за социјални грижи, пти што во Охрид и околината биле затекнати 31 полнолетно лице и 27 малолетни лица од Битола, Прилеп, Шрип, Кавадарци Велес и Ресен.
Против лицата затекнати како питачат во нашиот град, СВР Охрид и Центарот за социјални грижи ќе поднесат соодветни пријави.
{loadposition content9}