Skip to main content

Институциите незаинтересирани да го спасат Чинарот од гниење

Институциите незаинтересирани да го спасат Чинарот од гниење.

 |  Валентина Неловска  | 
cinar
cinar

Исушената гранка на Чинарот е нем сведок за крајно несериозниот однос на институциите кон ова 11 века старо дрво.  Бескорисно  е тоа што дрвото е ставено под заштита на државата како споменик на природата. Институциите и по шест месеци не презедоа конкретни зафати за негова санација. Од месец декември кога се скрши гранката до денес Чинарот е оставен без соодветна грижа за негова санација.

cinarИнституциите се иземаат од одговорност. Едни на други ги префрлаат надлежностите и така во недоглед со месеци. Никој во институциите не кажува отворено каде е проблемот и кој треба да обезбеди пари за конзервација.

Неофицијално дознаваме дека во изминативе шест месеци  е направен записник за состојбата на Чинарот. Дадени се примероци од скршената гранка за испитување на Приридно математички факултет. Од таму направиле волонтерски  миколошки испитувања , а за останатите испитувања запнале кај договорот со Шумарскиот факултет кој да ги проследи понатаму испитувањата. И грижата за Чинарот навидум како да заглавила тука. Никој од институциите не одговара  дали нема пари и кој треба понатака да се погрижи за конзервација на дрвото. Раководителите и портпаролите на различни сектори во Министерството за животна средина и просторно планирање по одговор не препраќаат од еден на друг колега. Во Локалната самоуправа се без конкретни информации што се случува со заштитата на дрвото.
cinar

Додека институциите се договорат чија е понатамошната одговорност во  заштитата на дрвото од сушење, туристите ќе го фотографираат и ќе се чудат како дозволуваме 11 века старото дрво, да изгние од незаинтересираност на институциите.   

 

 

 

{loadposition content9}