Skip to main content

Странските туристи збунети од сезонскиот линиски превоз

Испишани со возниот ред и дестинациите на кои се патува, покрај за домашните патници, овие табли ќе бидат особено корисни за туристите кои патуваат кон охридските плажи и хотели.

 |  Мишел Наумоски  | 
avtobus
автобус

Ќе се става поголем ред во сезонскиот линиски превоз. Нема веќе да ја гледаме честата слика кога странски туристи збунето прашуваат од еден до друг кога им тргнува автобусот или до каде ќе ги носи.Во тоа не им помагаат дури и оние мали табли на кои е испишана дестинацијата, а кои стојат на средствата за јавен превоз. Често проблем е и тоа што тие се испишани на кирилично писмо кое е неразбирливо за туристите кои не доаѓаат од Балканот. За таа цел локалната самоуправа ќе поставува информативни табли со возниот ред и дестинациите до кои се патува по теркот на неодамна згаснатиот градски линиски превоз.

vozen red„Знаете дека во моментов има едни мали информативни табли, на сите постојки за градскиот превоз. Информиран сум од секторот за сообраќај дека ќе се изработат нови такви информативни табли за овие сезонски линии и претпоставувам дека ќе размислуваме во насока, покрај кириличното писмо да бидат напишани и на латинично писмо, или можеби дури и двојазично бидејќи нели како што рековте имаме многу гости од надвор од земјава, па претпоставувам дека може да се искористи и таа можност, тие информативни табли за возниот ред и за дестинациите да бидат напишани двојазично или покрај кириличното писмо да бидат и на латинично писмо.“-рече Томе Џамтоски-портпарол на општина Охрид.

avtobuska stanicaОвие информативни табли ќе бидат со ист дизајн и иста големина како и оние за градскиот линиски превоз, а за брзо време ќе биде и нивното поставување.

„Се работи на нив. Мислам дека до почетокот на она што ние условно го нарекуваме почеток на главната туристичка сезона, тоа се поклопува со 2ри Јули, мислам дека во наредните две недели ќе бидат поставени тие табли.“-вели Џамтоски.

Што се однесува пак за неодамна укинатиот градски линиски превоз, добивме информација дека во моментот од локалната разговараат со неколку превозници кои повторно би сообраќале низ охридските улици и под кои услови би го правеле тоа.

{loadposition content9}