Големи поплави во Шпанија и Франција
Околу 500 лица се евакуирани по неколкудневните дождови и топењето на снегот на повисоките места, кои предизвикаа поплави во областа Пиринеја во североисточниот дел на Шпанија.
Околу 500 лица се евакуирани по неколкудневните дождови и топењето на снегот на повисоките места, кои предизвикаа поплави во областа Пиринеја во североисточниот дел на Шпанија.
Претставници во Каталонија соопштиле дека три планински реки се излеале по што ги полавиле улиците, домовите и земјоделското земјиште во таа област.
Околу 4.000 лица, во исто време, останале без електрична енергија, а за сообраќај се затворени четири патни правци.
Според прогнозите на метеоролозите, се очекува врнежите да се намалат на крајот на денот, но службите за вонредни ситуации и понатаму се подготвени во десетина области.
{loadposition content9}