Skip to main content

Дванаесетто издание на натпреварот „Охридски бисери

Прекрасен завршен концерт на натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ 2013.

 |  Голабовски Крсте  | 
flejtistka
флејтистка

Прекрасен завршен концерт на натпреварот на млади музичари „Охридски бисери“ 2013. Ова негово дванаесетто издание, веќе може да се носи рамо до рамо со ваквите натпревари кои се организираат на европско ниво велат музичките работници.

Повеќе од деведесет млади музичари од најразлични земји, на дванаесеттото издание на натпреварот за млади музичари „Охридски бисери“, ги демонстрираа својот талент и музичка умешност. Некои од првонаградените млади музичари задоволни од организацијата и атмосферата на натреварот, но и видно возбудени поради постигнатиот успех.

pobednici„Јас доаѓам од Србија, Белград, на хорна свирам 4 години.Сите се љубезни, убави впечатоци и искуство.“

„Натпреварот е прекрасно организиран, задоволен сум многу и би сакал повторно да учествувам за две години, жирито е навистина прекрасно и ова е навистина интернационален натпревар. Свирам на кларинет и ја добив првата награда, а кларинет свирам осум години.Сега заврши втора година средно музико во музичкото училиште „Ватролав Лисински“ во Белград во класа на професорот Љубиша Ивановиќ.“

Инаку на натпреварот беа пријавени  96 натпреварувачи од повеќе европски држави и истиот мина во една фер и коректна атмосфера, а беа покажани високи резултати од страна на сите учесници, вели  Ѓорѓи Улишев, -претседателот на натпреварот.

„Јас сум многу изненаден од помалите категории од преткатегорија, А категорија, каде мислам дека досега не сме имале такво високо ниво и таков квалитет. Секако тука се високите категории, како Ц категорија, каде можеше да се слушне доста квалитетно музицирање во однос и на програмата и на самата музичка изведба.“ објаснува Улишев.

Панда Зографска, инаку сопруга на еден од најреномираните македонски композитори, сега веќе покојниот Томислав Зографски, које е и претседател на Фондацијата Томислав Зографски, кои втора година по ред ја доделуваат истоимената награда, истакна дека за неа овие млади музичари се нејзините херои кои не знаат за ништо друго освен да бидат најдобри во муизката.

pobednici„Ми причинува особено задоволство, фондацијата втора година по ред да ја додели наградата „Томислав Зографски“, за поттикнување на изведба на македонски композитори и оваа година добитник на наградата е млада флејтистка од Македонија за делото на Зографски „Инвенција Сирингс“ за флејта соло, јас сум многу задоволна зошто таа ја свири многу убаво, а фондацијата има намера да остане траен соработник на „Охридски бисери“ и да ги поддржува и понатаму“ потенцира Зографска-Беличанец.

Општ впечаток на стручното жири составено од европски музички педагози, е дека натпреварот беше на високо ниво, и дека може да се носи рамо до рамо со натпреварите кои се одржуваат на европско ниво. А квалитетот на натпреварувачите, извонреден, вели  Љубиша Ивановиќ, еден од членовите на овогодинешното жири на натпреварот.

„Тоа се деца кои можете да ги препознаете на прв поглед, деца кои се опседнати со музката, кои живеат за музиката, кои се подготвени да се жртвуваат за работата и за просперитет во музиката и такви деца има и овој пат“ изјави Ивановиќ.

Овој натпревар се одржува биенално, една година за дувачки инструменти, една година за пијано и виолина. Оваа година се натпреваруваат дувачките инструменти, а на програмата беа флејта, обоа, кларинет и саксофон од дрвените инструменти, а од металните, труба и хорна.Инаку натпреварот „Охридски бисери“ е поделен на четири категории, А, Б, Ц и Д односно учесници од основно, средно музичко училиште и факултет за музичка уметност, како и една стимулативна категорија во која се негува младиот потенцијал.

{loadposition content9}