Skip to main content

Армијата на Република Македонија, поблиску до охриѓани

Во рамките на проектот „ АРМ поблиску до граѓаните“, синоќа Воениот оркестар на армијата изведе едночасовен концерт на плошатдот кај стариот чинар, додека Гардискиот батаљон на АРМ, ја  демонстрираше високата строева извежбаност во работа со пушка.

 |  Голабовски Крсте  | 
orkestar
оркестар

Армијата на Република синоќа барем за момент беше поблиску и до Охриѓани. Станува збор за реализација на само еден дел од проектот „ АРМ поблиску до граѓаните“, преку кој Министерството за одбрана и АРМ ќе се обидат преку музиката на воениот оркестар на АРМ, како и демонстрациите на методско-показни вежби на Градискиот батаљон, да се доближат до цивилното население. Самиот настан започна со дефиле по Охридската чаршија, на воодушевување на охриѓани и големиот број туристи, за да продолжи на Плоштадот „Крушевска република“, со едночасовен концерт.

gardistiПокрај изведбата на дела од класичната музика, на концерот охриѓани и туристите имаа можност да уживаат во музичките аранжмани на современите дела на македонската и странската популарна музика. Сашо Стефановски -Државниот секретар во Министерството за одбрана, истакна дека ваквиот начин на  доближување на живеењето во АРМ до граѓаните се покажа како многу добар во зајакнување на цивилно-воената соработка и во градовите во кои АРМ нема гарнизони. Стефаноски задоволен од интересот на граѓаните.

„Се разбира интересот е огромен, луѓето пред се се изненадени дека АРМ, прво изгледа вака како што изгледа, новите униформи на гардискиот батаљон се прекрасни, а воениот оркестар изведува, прекрасно македонски традиционални но и современи песни така што граѓаните со големо воодушевување го примаат овој настан и гледаме дека навистина сме ја постигнале целта, да граѓаните што е можно повеќе бидат запознаени со АРМ“ изјави Стефановски.

gardistiПокрај Прилеп, Струга и Охрид, проектот „АРМ поблиску до граѓаните“ ќе продолжи  и во останатите градови од нашата земја се до крајот на годината, кога се планира Воениот оркестар на АРМ , во Скопје, да одржи еден голем концерт од отворен карактер, за кој од Министерството за одбрана се надеваат дека ќе прерасне во една убава традиција.

{loadposition content9}