Skip to main content

Фиќо од Италија, на грaдскиот плоштад во Охрид

Олтајмерите уште се нарекуваат и безвременски автомобили. Тие никогаш не го губат стилот, а на одбележувањето на Денот на езерото, еден таков олдтајмер марка фијат фиќо беше паркиран на градскот плоштад. Со него од Падова, допатува италијанецот Џорџо Андриан.

 |  Николоска Биљана  | 
fiko
фиќо

fikoВистинска атракција на плоштадот Св. Климент беше олдтајмерот фиат фиќо, со кое од Падова, Италија допатува Џорџо Андриан. „Секогаш кога го возам фиќото се чуствувам среќен, го добив од татко ми и тоа е од голема важност за мене“ вели Андриан.

„Тешко е да се објасно љубовта кон ова фиќо ова е старо од 1964 година сопственост на мојот татко кој исто така ме научи да го возма ова фиќо“.

Предизвикот пак, италијанецот Џорџо Андриан да  дојде во Охрид е тоа што не може да одолее на убавините на нашиот град. Тој вели дека нашето место е прекрасно и порача жителите од двете земји Македонија и Албанија да се здружат и да се заложат за максимална заштита на езерото.

fiko„Предизвик беше да се патува од Падова до Охрид со неколку застанувања, предизвикувачки но сепак убаво.  Прв пат дојдов во Охрид пред десет години и се заљубив во оваа убавина и од тогаш редовно доаѓам. Тука сум од две причини, едната е клубот фиќо фијат 500 и втората причина е организирање на проектот меѓудржавен биосферен резерват за заштита на Охридското Езеро“.

Италијанецот Андријан за врме на манифестацијата Ден на езерото на градскиот плоштад на градоначалниците од Охрид , Струга и Поградец но и на дел од присутните ги почести кафе, кое го служеше од фиќото. Охриѓани љубопитно го набљудуваа олдтајмерот, повеќето од нив го фотографираа.

{loadposition content9}