Skip to main content

Времено замрзната исплатата на патните трошоци за наставниците од Охрид

Иако средства за исплата на патни трошоци на наставниците, не се предвидени во рамките на буџетот на општината, од локалната со објаснување дека за  време на летото овој проблем ќе биде разгледан заедно со претставниците на СОНК , бидејќи образованието и условите за наставниците и учениците сеуште се еден од приоритетите на локалната самоуправа.

 |  Голабовски Крсте  | 
prevoz
превоз

На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата  на патните трошоци за  превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа кои покажале дека станува збор за нереални финансиски средства кои не се предвидени во буџетот на општината.

„Начелно се договоривме дека во моментов таа привилегија која наставниците ја користат ќе биде времено запрена од причина што тие во рамки на своите плати со концептот на бруто плата се пресметуваат патни трошоци и не гледаме во моментов потреба зошто би се плаќал градски превоз кој морам да ви кажам од анализите кои што ги видовме и досега не е платен на операторот кој тоа го правел и тоа ни беше осоновата во која тргнавме во анализа на овој за нас како Локална самоуправа, нов проблем“, вели Секретарот на Општина Охрид.

diitar spaseskiОд локалната велат дека бразованието останува еден од приоритетите на оваа локална самоуправа и дека од таму се целосно отворени за соработка, па така, нивните напори за решавање на овој проблем ќе бидат во насока и наставниците и учениците да имаат подобри услови за работа. Додаваат дека проблемот со патните трошоци треба заеднички да се разгледа.

„За таа цел со оглед на тоа што е крај на школската година и во договор со СОНК, одлучивме во текот на летото да пристапиме кон преговори, да видиме во кој дел реално ние можеме да ги сервисираме тие трошоци, сето тоа да биде направено низ една транспарентна постапка, средствата да бидат предвидени во буџет за да од друга страна со операторот кој ги извршува тие услуги да не се случи да има неплатени фактури како што имаме сега и да биде еден од оние кои што ни се на список на доверители, со трошоци направени по овој основ“ објаснува Спасески.

Ацо Речкоски, претседател на регионалниот одбор на СОНК, истакна дека позитивно ја оценува првата средба со локалната, на која, од нив било побарано за време на летниов период да изготват реални барања поврзани со овој проблем, а најавено е и можно потпишување на нов меморандум.

{loadposition content9}