Skip to main content

Македонките стануваат невести на 25 години

Дваесет и пет години за невестата и 28 години за младоженецот е просечната возраст за склучување прв брак во 2012 година, објави Државнит завод за статистика.

nevesta
невеста

Дваесет и пет години за невестата и 28 години за младоженецот е просечната возраст за склучување прв брак во 2012 година, објави Државнит завод за статистика.

nevestaСпоред овој извор во годината претходно вредностите бележат мали отстапувања односно 25.4 години за невестите и 28.3 младоженците. Во текот на 2012 година 1.727 девојки на возраст помеѓу 15-19 години се омажиле, што е за 199 помалку во споредба со годината претходно кога за брак на оваа возраст се одлучиле 1.929 девојки, отстапувања има и кај машките на оваа возраст лани нивниот број изнесувал 268, додека во 2011 та регистрирани се 312 машки лица кои се одлучиле на женидба. Лани во брак стапиле и 84 жени, односно 225 мажи на возраст над 55 години.

Најголем број од двојките кои се одлучуваат на брак претходно не биле во брачна заедница, на следен брак почесто се одлучуваат разведените отколу оние кои останале без брачниот другар поради смрт.

Според Државниот завод за статистика во двете претходни години, на најголем број од граѓаните се склучувањето на брак им било прво, додека далеку помала е бројката на мажи и жени кои се одлучуваат на втор или трет брак. На втор, трет или повеќе бракови во иднина многу почесто се одлучуваат мажите отколку жените.

Во 2011 година, на втор брак се одлучиле 1.016 жени и 1206 мажи, додека следната година по втор пат да го кажат „да“ се одлучиле 998 жени и 1212 мажи. На трет и повеќе бракови во 2011 та година се одлучиле 35 жени, односно 98 мажи, додека лани по трет пат 32 жени и 107 решиле да стапат во брачна заедница.

{loadposition content9}