Skip to main content

Охридските училишта задоволни од резултатите од екстерното тестирање

Охридските училишта задоволни од резултатите  од екстерното тестирање.

 |  Валентина Неловска  | 
eo
eo

Средните и основните училишта ги добија резултатите од екстерното оценување. Обработените тестовите од екстерното оценување не покажуваат големи осцилации и отстапки помеѓу оценките добиени на тестирањето со оние на наставниците. ТВМ ги контактираше сите директори на основните и средни училишта во градот. Првите луѓе на средните општински училишта се задоволни од резултатите добиени од екстерното оценување.

Јане Цаноски, директор на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски, напоменува дека резултатите од екстерното ги добиле вчера и во тек е изработката на анализата на резултатите и  споредбата со постигнувањата на учениците во нивното училиштето.
   
ео„Генерално нема поголеми отстапувања и за поконкретни одговори треба да ја почекаме анализата на екстерните оценки со успехот постигнат во училиштето“.

Во некои основни училишта, директорите посочуваат  мал процент на случаи каде што послаби ученици покажале подобри резултати. Евидентирани се и примери  каде што има потфрлување  со по една оценка пониска од добиената во текот на наставата. Есктремни осцилации во однос на оценките сепак не се забележани.   

 Тони Симоноски, директoр на  ОУ „Христо Узунов“, информира „во нашето училиште се минимални отстапките и се поклопуваат оценките при екстерното оценување и добиените во наставата. Нема драстични осцилации во однос на разликите меѓу оценките добиени од екстерното оценување  и од наставниците. Се е во склоп на нормалното и реалното оценување на учениците. Секако дека ќе се стремиме и понатаму што пореално да се оценуваат, да се изведува и  подобрува наставата и да се анимираат учениците за подобар успех и  знаење“.

Резултатите од екстерното оценување ќе влезат во завршниот успех на секој ученик. Според постигнатите резултати оценка ќе добијат и наставниците. Учениците и родителите кои не се задовлни  од објавените резулати може да вложат  приговори до Државниот  испитен центар.На 29 јуни ќе има резулати од поднесните приговори.

{loadposition content9}